Два силни земјотреси го погодија северниот дел на Егејското Море

Два земјотреси со јачина од 6,3 и 6,5 степени по Рихтер го погодиле во саботата северниот дел на Егејското Море, сметаат сеизмолозите, јавуваат грчките медиуми.

Потресите се почувствувани низ цела Грција и соседните земји. Според експертите активирањето на Анадолиската линија довело до „кршење“ на дел од плочата во нејзиниот западен дел меѓу Света Гора и вториот крај на полуостровот Халкидики.

Станува збор за два моќни потреси со јачина од 6,3 и 6,5 степени по Рихтер во период од 20 секунди, поради што беше објавено дека бил еден земјотрес со поголемо траење, изјави професор Костас Папазахос.

Сеизмолозите во Грција предупредуваат дека Анадолиската линија е исклучително опасна и дека ефектот од нејзиното активирање е многу често смртоносен.

26.05.2014 - 13:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега