Хорор во Србија: Ја убил сопругата додека ги послужувала гостите на терасата

Хорор ја потресе Србија. Драган и Дејан Антиќ од Драгоцвет во близина на Јаговина се осомничени за убиство на Марина Антиќ, сопругата на Драган. Жената била застрелана била застрелана додека ги послуживала гостите на терасата.

Драган во саботата ги повикал на гости своите блиски роднини и пријатели, а заедно со неговиот брат Дејан имаат ритуал да пукаат со огнено оружје. Еден од куршумите ја погодил сопругата на драган, Марина право во главата додека ги послужувала гостите на терасата. Марина починала веднаш. 

- Семејството Антиќ се познати по тоа што пукаат со пишто по слави. Никој за тоа не им замеруваше бидејќи тие беа добри и вредни луѓе. Тие обработуваат повеќе десетици хектари и тоа им беше некаков вентил од секојдневните обврски. Браќата малку повеќе испијаа и целата работа излезе од контрола. Ова ќе им ги промени темелно животите. Дај Боже да не им се заклучат куќите. Марина и Драган имат 24- годишна ќерка Наташа. Кутрата девојката остана сама, треба да си ја погреба мајка си, а татко и е во затвор. Дрган беше голем домаќин, работеше ден и ноќ. Живееја убав живот беа богати и на многумина им помагаа, велат соседите.

26.05.2014 - 13:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа