Секоја чест: Има шест ипол години а го освои Титов врв! (ФОТО)
Ване Бошев од Неготино го освои Титов врв на само шест годишна возраст. Дневник објави дека тој беше најмладиот планинар од вкупно 810 планинари од земјава и странство кои беа дел од традиционалното искачување на највисокиот врв на Шапка.
- Ова ми е највисокиот врв кој сум го освоил досега а имам освоено многу други врвови. Пешачев цели девет часа, на моменти ми беше тешко но издржав. Најтешко беше околу врвот каде што имаше снег. Таму на качување и на спуштање беше многу лизгаво оти снегот беше влажен и тоа ми беше малку тешко бидејќи паднав два три пати, ама не се исплашив и не се повредив. Таму горе имаше и многу јак ветер и магла ама јас издржав оти бев среќен поради тоа што искачив уште еден врв, изјави за весникот скромното детенце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа