Србија: Чистка на Гинегологија - шест доктори уапсени за мито

Шест гинеколози се упсени во голма полициска акција која утрово се одвива во Пирот, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, сите се сомничат за примање мито. Полицијата се сомнева дека тие ги испраќале трудиниците кои имале компликации во бременоста на приватни лаборатории да вршат одредени прегледи и анализи и на тој начин незаконски им извлекувале пари, имајќи предвид дека им било обврска да ги испратат во државното здравство, односно во државна болница од повисок ранг.

Се сомничат дека незаконски присовиле над 300.000 српски динари.
Станува збор за лекари специјалисти од клиниката за гинекологија во Пирот.

26.05.2014 - 11:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа