Премиерот бара итна истрага за полавите

По наредба на српскиот премиер Александар Вучиќ наложено е спроведување на итна истрага што во најкраток рок ќе даде одговор на прашањето дали во поплавите можело да се реагира побрзо и подобро, пишува весникот Наше новине.

Весникот, повикувајќи се на извори од владата на Србија, наведува дека истрагата најмногу ќе се однесува на Обреновац, како и дека ќе бидат проверени сите обвиненија упатени кон претседателот на општината Мирослав Чучковиќ.

- Наредена е целосна истрага со цел да не остане ниту најмал сомнеж. Едноставно се работи за премногу важни работи и голема штета, првенствено на загубени човечки животи, за било што да остане неразјаснето, нагласува владиниот извор за весникот „Наше новине“

26.05.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега