ФОТО: Погреб во српското подземје - последно збогум за нарко-босот Шкрбиќ
Во Србија денеска беше погребан 37годишниот Војислав Шкрбиќ, нарко-босот од Нови Сад кој пред неколку дена беше убиен додека чекал вечера во еден ресторан.
Како што пренесува српскиот Курир, освен најблиските и пријателите, на погребот имало и голем број "набилдани" момци, кои дошле да го испратат нарко-босот во вечното живеалиште.
- Брате ти беше голем човек и секогаш ќе те носиме во нашите срца. Не ги остваривме заедничките планови...Твоето семејство треба да се гордее што имаше таков син, а ние сме горди што имавме пријател како тебе, изјави пријател на покојниот.
Инаку, извори за српскиот Курир велат дека маж облечен во црно се доближил до нарко-босот и започнал нешто да му зборува, а потоа до него дошол друг човек облечен во бела блуза кој извадил пиштол и почнал да пука. Шкрбиќ бил ранет и со сите сили се бидувал да помогне, но напаѓачот го стасал и испукал уште еден куршум со кој го усмртил. Сите во ресторанот започнале да бегаат и се создала вистинска паника и хаос.
Смртоносниот куршум бил испукан од 4-5 метри далечина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа