Во Србија спалени сто тони лешеви на пцовисани животни од Босна

Во Србија спалени сто  тони лешеви на умрени животни од Босна. Директорот на  Управата за ветерина на Србија Дејан Бугариски изјави дека во печки се спалени три тони лешеви на крупна стока.

Стоката, која нема да биде пренесена во Србија, ќе биде спалена во длабоки јами. Меѓутоа,дирекоторот на Управата за Ветерина Бугарриски  нагласува дека тоа е крајна мерка по која треба да се посегне, но дека во вонредни состојби е оправдана.

Исто така тој  тврди дека за граѓаните поголема опасност од угинатата стока претставуваат застоените бари.

Ветеринарни експерти во БиХ предупредија уште во четвртокот дека преостанало уште малку време за отстранување на лешевите на животните пцовисани во поплавите. Нагласија дека животинските трупови мора да се згрижат најдоцна 72 часа од пцивисувањето, во спротивно се заканува избивање зарази.

26.05.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега