Неверојатно: Тригодишно дете се сеќава на својот претходен живот

3- годишно дете од Израел е еден од актерите во книгата на германскиот терапевт кој се занимава во реинкарнација Трутз Хард. Детето е припадник на етничката група Друзи, чија вера и култура ја прифаќа реинкарнацијата како факт.

И покрај тоа неговата приказна ги изненади сите. Детето е родено со голем црвен белег на главата, а неговиот народ смета дека таквите знаци на телото се поледица од претходните животи, односно смрт.

Кога детето научило да зборува им кажало на своите родители дека во минатиот живот било убиено со удар на секира во главата. Се сеќавал од кое село е па го одвеле таму за да се присети на нешто.

Им рекол дека тој всушност е реинкарнација на човек кој исчезнал четири години претходно,  а се сеќавал и на името на својот убиец. Кога го соочиле убиецот, тој потполно пребледел, но не го признал убиството.

Детето тогаш рекло дека може да ги одведе до местото на кое е закопано телото на мажот за кој верувале дека исчезнал. Точно на местото на кое ги однело пронашле скелет на маж чиј череп бил расечен точно на местото на кое детето има белег.

Покрај телото  пронашле и секирата. Соочен со овие докази, убиецот го признал злосторството

 

 

26.05.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега