Кој ќе го избричи Величенствениот?

Турскиот актер Халит Ергенч кој кај нас е  познат по улогата Сулејман веќе три години ја пушта брадата која веќе е преголема. Како што се ближи крајот на серијата „Величенствениот“ брадата станува се поинтересна.

Имено, се поголема е заинтересираноста на луѓето кои сакаат да му ја избричат брадата, бидејќи тоа е реклама која секој може да ја посака. Така, на актерот  почнале да му пристигнуваат понуди од елитните истанбуслки бријачници, но и познати светски брендови кои произведуваат разни средства за бричење. Еден познат произведувач на бричеви и жилети, дури и му понудиле да биде нивно заштитно лице.

Актерот Халит се уште за овие понуди не се огласил. 

26.05.2014 - 09:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега