ФОТО: Се испумпува водата од скопските улици

 

Екипи на јавните претпријатија, ЕВН и ГАМА се на терен и преземаат соодветни мерки согласно состојбата на теренот, предизвикана од силното невреме што синоќа го зафати Скопје.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој координира со Оперативното тело на Владата, и кој ноќеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, посети повеќе критични точки настанати од невремето во Скопје, посочи дека засега нема пријави за повредени лица, а причинета е само материјална штета.

- Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвикан од удар од гром, е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал број трафостаници се во дефект поради обилните врнежи од дожд. Сите екипи на ЕВН се на терен и се очекува наскоро да бидат санирани и овие проблеми, истакна Јанакиески.

Граѓаните може да пријавуваат настанати проблеми предизвикани од поројните дождови  на дежурните телефони во Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски истакна дека се работи на оспособување на сообраќајниците и дека тие ќе бидат во функција до утре наутро.

26.05.2014 - 01:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега