Сеизмолошка опсерваторија: Земјоресот во Скопје со интензитет од 5-6 степени
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 25.05.2014 год., во 23 часот и 5 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала–1998. “ - стои во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа