Јанакиески: Будно ја следиме состојбата со поплавите во Скопје

 

Владата на Република Македонија и Градот Скопје се во координација и засега успешно се справуваме со поплавите кои го зафатија Скопје, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој координира со Оперативното тело на Владата за справување со кризи.

Министерот Јанакиески истакна дека освен материјална штета, засега нема повредени лица. Владата и Град Скопје, вели тој, се во постојан контакт со сите институции и редовно ги следат состојбите на терен.

- Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвкан од удар од гром е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал број на трафостаници се во дефект поради обилните врнежи од дожд. Сите екипи на ЕВН се на терен и се очекува наскоро да бидат санирани и овие проблеми, изјави Јанакиески за Сител по завршувањето на вонредниот состанок на Оперативното тело за справување со кризи.

Министерот Јанакиески најави дека екипите и понатаму ќе бидат на терен и дека Градот Скопје и Владата ќе преземат мерки согласно состојбата. Тој апелираше граѓаните да се јавуваат на телефонските броеви доколку се соочуваат со проблеми од поплавите.

25.05.2014 - 23:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега