СДСМ: Цаноски донесе погрешна одлука
„Ова е очекуван исход од соработката со ПЕИ, со оглед на нивните постапки и политики во пресрет на локалните избори.
За ваквата нивна одлука бевме официјално информирани во текот на вчерашниот ден. Во врска со денешното соопштение на ПЕИ сметаме дека излегувањето од здружената опозиција е погрешна одлука која не оди во насока на подобрување на состојбите во државата, туку остава дополнителен маневарски простор за актуелната власт.
Како и да е, на нашиот поранешен коалиционен партнер му посакуваме успех во понатамошното политичко делување.“
(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ)