Летале јајца на сите страни - еве што и направиле гневните фанови на српска пејачка
Познатата пејачка Ана Николиќ среде големите поплави кои ја зафатија Србија пеела во еден трговски центар, а ова многу ги налутило посетителите, па решиле да ја „казнат“ така што започнале кон неа да фрлаат со јајца, пишуваат српските медиуми.
Две девојки биле толку револтирани што фрлеле јајца по неа додека таа била на сцената. Иако сите мислеле дека Ана ќе го откаже настапот, таа се појавила во трговскиот центар и на започнала да пее додека стотина килиометри подалеку поплавите носеле животи.
-Две лути девојки купија јајца и ги фрлија кон пејачката на сцената, изјавил за српските медиуми извор кој се нашол на лице место и додал: Јајацата летаа кон неа, а Ана се однесуваше како ништо да не се случува. Како што паднаа на сцената нејзиниот брат Марко ги прекрил скршените јајца, а девојките биле избркани од трговскиот центар од страна на обезбедувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа