Адријана Лима и Јариќ донесоа заедничка одлука
Поплавите ги зближија преубавата манекенка на Викторија Сикрет, Адријана Лима и Марко Јариќ. Иако неодамна изјавија дека ќе се разведат, сепак донеле заедничка одлука да организираат донаторска вечер на која ќе присуствуваат голем број на светски ѕвезди.
-Адриана одлучи дека во Њујорк ќе организира донаторска вечер за помош на Србија. Таа го поканила Марко да и помогне и да ги покани своите пријатели кои се познати личности, со цел да учествуваат што поголем број на светски ѕвезди од разни области во јавниот живот. Меѓудругото се договориле заедно да донираат пари, пренел извор близок до парот.
Со ова и Адријана и Марко ја покажаа хуманата страна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа