"Имам 22 години и уште сум невин, сите ќе платите!" - тинејџер уби шест студенти

 

22-годишниот студент Елиот Родгер од Универзитетот во Санта Барбара убил шест студенти, а потоа бил убиен од полицијата.

Елиот на социјалните мрежи се жалел дека девојките не го сакаат и дека затоа ќе изврши крвав масакр: - Здраво, јас сум Елиот Родгер и утре ќе ви се одмаздам. Имам 22 години и сум невин. Совршено момче сум, а девојките не ме сакаат. Зошто? Не знам. Но, ќе ве убијам сите до една.

Ден подоцна, возејќи се низ кампусот на универзитетот во Санта Барбара во Калифорнија низ прозорот од својот автомобиол  со полуавтоматско оружје убил шест колеги, а повредил уште седум.

- "Се слушнаа само врисоци и пукотници. Страшно, се надевам дека сите се добро. Изгледаше како на филм", рекол еден сведок.

25.05.2014 - 11:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега