Комисијата утре со препораки за заштита од поплавите во регионот
Посебна комисија на Министерството за здравство утре ќе одржи состанок на која треба да донесе препораки за тоа што треба да преземе Република Македонија за заштита по поплавите во соседните земји.
- Комисијата веќе одржа еден состанок, а утре очекуваме да има уште еден на кој ќе добиеме конкретни препораки кои треба да се преземат, која треба да биде степенот на подготвеност на здравствените установи, што треба да се направи на граничните премини, потоа да даде препорака за однесување на граѓаните врз основа на нашите искуства, но и врз основа на препораките од Светската здравствена организација кои ги имаме обезбедено, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Тој претпоставува дека ќе има посериозни мерки имајќи предвид дека по повлекување на водите може да настанат сериозни ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа