ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 24 мај

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

- Нивниот придонес во описменувањето и културното издигање низ Европа е дело должно за почит. Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација. Наша обврска е да го продолжиме нивниото дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет. Сите ние имаме аманет да дадеме свој придонес и во ова време за преку развојот и промоција на образованието и науката, да продолжиме по патот кој тие ни го дадоа и понатака да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа, стои во честитката од ВМРО - ДПМНЕ.

24.05.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега