"Ми остана само една главица кромид" - потресна приказна од поплавите во Србија

Уште една потресна приказна доаѓа од поплавениот Обреновац. 58-годишниот Радомир Маричиќ скршен од болка вели дека поплавата му однела буквално се. Србинот тврди дека поплавата му однела се, и му направила штета од 52 милиони динари.

Радомир на војниците и специјалните екипи кои биле испратени во неговиот дом за да помогнат и да дезинфицираат, им понудил само една главица кромид. - Тоа е се што ми остана, извинете што немам што да ве понудам...им рекол тој на спасувачите.

И покрај големата загуба која ја претрпел, тој е среќен што неговото семејство е живо и здраво. 

- Водата ни зема се, со часови гледавме на телевизија како го носи животот пред нас...беше ужасно, вели тој.

Засега состојбата во Србија е стабилна.

 

24.05.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега