Традиционално искачување на Титов Врв

Во организација на планинарскиот клуб „Љуботен" од Тетово, викендов ќе се одржи 33-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина „Титов Врв 2014“.

Организаторите патеката се до врвот, комплетно ја обележаа, ги обезбедија деловите на кои има снег и со тоа, таа е подготвена за искачувањето на планинарите. Количините на снег се исти како и минатите години, а според метеролозите во недела се очекуваат поволни временски услови.

Манифестацијата се организира под покровителство на АД Електрани на Македонија, а генерален спонзор е ТТК Банка АД Скопје.

Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу четири и пол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена.

Оваа година се очекува Титов Врв, кој е висок 2.747 метри, да го искачат над илјада планинари.

24.05.2014 - 10:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега