Го изрешетале додека чекал вечера - детали за мафијашката пресметка

37годишниот Војислав Шкрбиќ е убен а 2 години постариот Тодор Туцаков е повреден во пукање пред кафулето Гондола во Нови Сад, Србија, јавија српските медиуми. Според најновите податоци, мафијашката пресметка која го потресе Балканот, во која беше убиен Војислав кој е еден од главните нарко-дилери во Нови Сад, се случила откако тој заедно со 39-годишниот Тодор Туцаковиќ отишол да вечера во ресторан. Двајцата чекале вечера на шанк кога се случило пукањето.

Извори за српскиот Курир велат дека маж облечен во црно се доближил до нарко-босот и започнал нешто да му зборува, а потоа до него дошол друг човек облечен во бела блуза кој извадил пиштол и почнал да пука. Шкрбиќ бил ранет и со сите сили се бидувал да помогне, но напаѓачот го стасал и испукал уште еден куршум со кој го усмртил. Сите во ресторанот започнале да бегаат и се создала вистинска паника и хаос.

Смртоносниот куршум бил испукан од 4-5 метри далечина.

24.05.2014 - 10:40
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа