„Да продолжиме да создаваме трајни вредности" - Вељановски го честита 24 мај

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, од негово лично име и од името на пратениците упати честитки по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

- Големината и богатството на народите низ историјата го гледаме по делата кои ги создале. Ние сме горди што ја имаме честа да ги славиме Светите браќа Кирил и Методиј. Тие се основоположници на словенската писменост и просветители на културен и на религиозен план, преку која многу народи ќе се воздигнат низ историјата. Тие се заслужни за отворањето на портите кон нови знаења, со преводот на библиските текстови и преку ширењето на христијанскиот дух, придонесоа кон севкупниот европски цивилизациски развој. Македонскиот народ ја доби можноста на свој разбирлив јазик да ги шири христијанските вредности, да се образува, и да создава нови дела за уште поголем подем, стои во честитката од Вељаноски.

Она што тие го оставија зад себе, се посочува, се и нивните ученици, Св. Климент и Св. Наум, кои го создадоа Охридскиот универзитет кој е меѓу најстарите во Европа и е влог во културното богатство во светски рамки.

- Празнувањето на Денот на сесловенските просветители - Свети Кирил и Методиј, не потсетува и дополнително мотивира да продолжиме со создавањето на трајни вредности, со посветен анганжман за негување и чување на јазикот, идентитетот и културата. Вечен паметник е нивното дело кое ќе продолжи да биде инспирација за идните македонски поколенија, се вели во честитката од претседателот на Собранието Вељаноски.

24.05.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега