„Да земеме пример од нивната работа и посветеност" - честитка од Груевски

Премиерот Никола Груевски лично и во името на Владата на Република Македонија, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители.

- Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план ги претставува скалилата по кои голем број народи зачекорија. Меѓу сите тие народи е и македонскиот народ. Преку својата дејност, како изумители на глаголицата и основоположници на словенската писменост, солунските браќа Свети Кирил и Методиј активно допринесоа за верскиот соживот, традицијата и духовниот развој во Македонија, но и во многу други делови во Европа. Од тука, празнувајќи го големиот празник 24-ти Мај, да се потсетиме на големината на македонските и сесловенските просветители, да земеме пример од нивната работа и посветеност, да ги чуваме и негуваме вредностите со кои не задолжиле и да помогнеме нашата земја да продолжи да се развива издигнувајќи го образованието и просветувањето како клуч за подобар живот за граѓаните, се вели во честитката упатена од премиерот Груевски.

24.05.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа