Пол Крег Робертс: Грција сака да се вика Македонија - зошто инаку би се противела?

Македонија треба да размисли дали сака да се приклучи кон Западот, кој е во опаѓање, или Истокот кој напредува, како што направи Русија, вели д-р Пол Крег Робертс, поранешен помошник секретар за финансии во Владата на Роналд Реган за програмата „Гласот на народот“.

- Македонија е во тешка позиција. Да се приклучи кон ЕУ и НАТО значи дека Македонија мора да се откаже од својот суверенитет и контрола врз нејзината надворешна и економска политика и да стане дел од империјата на Вашингтон. Oдбивањето на приклучувањето со цел да се продолжат добрите односи со БРИКС значи да се биде ставен на листата на непријатели на Вашингтон, истакнува Робертс, кој е професор по Политичка економија  во Центарот за стратегија и меѓународни студии на Универзитетот Џорџ Таун, Вашингтон.

Коментирајќи ја посетата на генералниот секретар на НАТО Расмунсен на Македонија и неговата изјава во Скопје, американскиот професор и аналитичар со став дека “барањето од  ЕУ и НАТО дека Македонија мора да го промени своето име со цел да се приклучи кон, како што вели,  „империјата на Вашингтон“ ја покажува целосната контрола што Западот ќе ја практикува врз Македонија.

- ...„На Македонија дури не и е  ни дозволено да биде тоа што е. Според мене, Грција, најслабата и најексплоатирана земја во ЕУ, се противи на името на Македонија. Но, освен доколку Грција сака да се нарекува Македонија, зошто инаку би се противела, прашува тој.

На прашањето што мисли за Македонија и нејзината историја, Робертс, кој е и поранешен уредник на Вол Стрит Журнал, посочува дека „Македонија е познато име - домот на Александар Македонски, најголемиот војсководец на сите времиња, освојувач на Персија и оти вакво големо име не треба да биде жртвувано од страна на Македонија.

- Македонците мора да разберат дека да се биде членка на НАТО и ЕУ значи дека Македонија ќе ја изгуби својата независност, вели Робертс.

Запрашан за новиот договор меѓу Кина и Русија, околу трговијата со рускиот гас, американскиот аналитичар вели дека „балансот на моќта во светот се менува“.

- Енергетскиот договор помеѓу Русија и Кина ќе биде финансиран вон системот на доларски исплати. Ова е прв голем потег на избегнување на американскиот долар како светска резервна валута. Исто така, договорот е почеток на свртување на Русија кон исток и на стратешкиот сојуз помеѓу Русија и Кина. Напорите на Вашингтон да го спречат порастот на овие две сили се осудени на пропаст, појаснува Робертс.

Едновремено тој нагласува дека западните економии страдаат од лошото управување и грабежите.

- Богатството се придвижи од масата кон богатите или кон „еден процент“ на луѓе.  Западните народи се незадоволни и има протести во многу земји, посочува Робертс. 

24.05.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега