Се отвори Кајмакоски: Девојките сами ми се нудат
Победникот на Икс-Фактор, Даниел Кајмакоски, си ја отвори душата и истакна дека девојките сами му приоѓаа. Тој за Вечер, раскажа и за идните планови на полето на музиката.
Кајмакоски истакна дека би сакал да ја претставува Македонија на Евровизија: - "Доколку македонската јавност реши јас да ја претставувам нашата земја, би го прифатил тоа и со задоволство би пеел на овој фестивал. Сепак, тоа е и голема одговорност, Евровизија е меч со две острици, но доколку моите фанови сметаат дека можам да го направам тоа, тогаш ќе дадам се од себе и ќе се појавам на Евровизија", вели Кајмакоски кој е фасциниран од настапот на Кончита.
За приватниот живот, вели дека девојките сега сами му приоѓаат.
- "Девојките сами ми приоѓаат и ми се нудат. Сепак, пола од тие понуди се лажни и имаат позадина. Сакам некоја искрена девојка, која ме сака поради тоа што сум јас од внатре во душата, а не заради тоа што сум победник на Икс Фактор", вели Даниел за ВЕЧЕР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа