Невидена брука и срамота - хуманитарната помош се препродава на белградските пазари!!!

Градоначалникот на Белград Синиша Мали денеска нареди вонредна контрола на сите градски пазари поради информација дека на некои од нив се продава робата за хуманитарната помош.

„Оние кои ја злоупотребуваат хуманитарната помош и се обидуваат да профитираат на тој начин, ќе бидат процесуирани“, вели Мали на седницата на Штабот за вонредни состојби во Белград. 

Синиша наложи комуналната полиција, инспекциите и директорот на јавното комунално претпријатие „Градски пазар“ да спроведат контрола.

На седницата беа анализирани и прашањата за сите градски општини и опасноста од појава на лизгање на земјиштето и запрашување против комарци. 

Директорот на јавното претпријатие „Београдоводе“ Милош Миловановиќ изјави дека главниот град е целосно безбеден на сите одбрамбени линии, затоа што водостојот на Дунав стагнира на 630 сантиметри, а во недела ќе достигне најмногу на 635 сантиметри. 

Тој дополни дека граѓаните лизгањето на земјиштето можат да го пријават во „Беоком сервис“.
Градскиот секретар за заштита на животната средина Горан Триван изјави на состанокот дека запрашувањето од воздух против комарците ќе почне утре и ќе се одвива и во сабота, додека запрашувањето од земја е веќе во тек.  
 
 
23.05.2014 - 20:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега