Во Јужна Кореја паркинг само за жени!

 

Јужна Кореја воведе посебни паркинг места само за жени означени со розова боја и лик во здолниште, тврдејќи дека се работи за проект за заштита на безбедноста на жената, местата се нешто подолги и пошироки од стандардните, јавија корејските медиуми.

Главниот град на Јужна Кореја на програмата за поголема сигурност на жените ќе потроши околу сто милиони долари, а потегот на градските власти во Сеул критичарите веќе го прогласија за сексистички.

Дел од жените ја поздравија програмата затоа што вклучува означување на женски паркинг места во близина на влез во шопинг центрите или во близина на лифтови и скалила со подобро осветлување, така што ќе можат без страв да влезат во своите возила.

Розовите паркинг места се дел од проектот кој вклучува и градење на седум илјади исклучиво женски јавни тоалети и пешачки површина во Сеул, од сунѓераст материјал по кој лесно се оди во високи потпетици.

Местата за паркирање само за жени постојат и во Кина, Кувајт, Малезија, Индонезија и некои еврпски земји како Швајцарија, Германија и Австрија. 

23.05.2014 - 18:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега