Судот пресуди дополнителни две години за водителот на Би-би-си Стјуарт Хол за педофилија

 

Поранешниот популарен водител на емисијата „Тоа е нокаут“ на телевизијата Би-би-си Стјуарт Хол, беше осуден денеска на уште две и пол години затвор за сексуален напад врз малолетничка, извршен пред неколку години.

Осумдесет и четиригодишната поранешна тв ѕвезда веќе излежува пресуда од 30 месеци затвор за сексуален напад меѓу 1967 и 1987 година врз 13 други девојчиња на возраст меѓу девет и 17 години.

Казната беше удвоена од Апелативниот суд, откако судиите одлучија дека правата санкција не одговара на тежината на делата.

23.05.2014 - 17:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега