Што ќе се случува со времето викендов?

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно и на повеќе места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурата од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно и на повеќе места ќе има пороен дожд со грмежи. Температурата ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време, но попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

23.05.2014 - 16:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега