ФОТО: Успеа во борбата за својот живот- ова е бебето херој од Обрановец

Марија Кучеровиќ имала само пет дена кога била евакуирана од поплавениот Обрановец. Уште од петиот ден започна тешко неизиниот живот, неизнвесната борба за нејзиниот живот и за животот на целото нејзино семејство, голгота која за среќа, бебето нема да се сеќава.

- Беше петок, во 5. 40 часот ме разбуди телефонскиот повик од мојата сестра од  Velikog polja за да не праша  дали водата стигнала до кај нас, бидејќи евакуацијата кај нив веќе започнала. Погледнав низ прозорецот и видов дека населението е пола километри од нас под вода. Со неверојатна брзина водата почна да влегува и во нашиот двор. Се качив на поткровјето од куќаат и додека ги пакував основните работи на моите три деца водата веќе беше до колена. Ништо друго не успеав да понесам со себе дури ни здавствените книшки од децата, ни наша документација. Мојот сопруг не однесе на раце до автомобилот и буквално со бегање го напуштивме Обрановац, се присетува Слаѓана која е мајка на три деца.

Додека сопругата и децата беа во куќата на мајката на Слаѓана, Жарко се вартил да ги спаси својата мајка и сестра.

- Бидејќи Марија имаше само пет дена откако беше родена, таа не можеше да биде пренесена ни во  чамец ниту во хеликоптер. Значи да не успеавме со автомобил да го напуштиме Обрановец, немаше да знаевме како нашето бебе да го евакуираме, раскажува Слаѓана.

23.05.2014 - 16:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега