Украина во недела ќе го избере својот претседател

 

Во недела жителите на Украина со право на глас ќе излезат на гласачките места за да го изберат новиот украински претседател.

 

Во трка за претседател кандидирани се 17 кандидати, но главни фаворити се независниот кандидат Петро Порошенко, кој е подржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, потоа поранешната премиерка Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.

Според аналитчарите, главни дилеми во пресрет на овие избори е дали тие би можеле да завршат уште во првиот круг, дали Москва ќе ги признае резултатите и дали тие ќе придонесат за стабилизација или уште повеќе ќе ја дестабилизираат состојбата во земјата.

Аналитичарите проценуваат дека Порошенко би можел да победи уште во недела имајќи предвид дека многумина во сепартистичкиот регион Донбас нема да гласаат, што дополнително ги зголемува неговите шанси да биде избран за претседател во првиот круг.

Сепак, според многумина од шустинско значење ќе биде каков став ќе заземе москва кон новиот претседател

Политичкиот консултант Пјотр Милосердов смета дека на крајот Москва сама ќе избере кого суштински да го признае за формален лидер на Украина. - Ова, од прилина што не е јасно какви надлежности ќе има новоизбраниот претседател. Несомнено, Украинците ќе избираат лидер кој ќе ја дели власта со Врховната рада, појаснува Милосердов, додавјќи дека се сомнева оти новиот претседател ќе биде „фигура број еден“ во државата. - Можеби тоа ќе биде премиерот или претседателот на Парламентот, оценува тој.

 

23.05.2014 - 14:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега