ВИДЕО: Еве што да правите во случај да снема струја

 
Еден портокал и малку маслиново масло можат многу да ви помогнат во случај да снема струја или во случај да немате свеќи. Еве како...

 

Во само неколку чекори од еден портокал и малку маслиново масло може да направите свеќа која ќе свети од 6 до 8 часа.

1. Пресечете ја кората од портокалот како да сакате да ја преполовите попречно. Повторуваме, само кората.

2. Внимателно ставете ги прстите под кората и одвојувајте ја од делот кој се јаде.

3. Кога ќе одвоите речиси се', повлечете надоле, така што кората ќе скине заедно со "жилата" која минува низ целиот портокал.

4. Ставете внатре маслиново масло, така што ќе ја прелиете и "жилата" која на тој начин полесно ќе се запали.

5. Потребни се 20 до 30 секунди за свеќата да се запали. Затоа, бидете трпеливи.

23.05.2014 - 14:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа