Стипендии за додипломски и постдипломски студии во Индија

 

Четири стипендии за додипломски или постдипломски студии од различни области на Пенџаб Колеџот за техничко образование во Индија ќе бидат доделени на македонски студенти за академската 2014/2015 година. За ова денеска информираше Министерството за образование и наука.

Стипендиите се за редовни додипломски студии по авијатика, туризам и угостителство, бизнис администрација, компјутерски апликации, трговија, биотехнологија и фармација, како и за постдипломски студии по информациска технологија, компјутерски апликации, менаџмент, бизнис администрација или суперспецијализација по меѓународен бизнис.На еден од избраните стипендисти целосно ќе му бидат покриени и трошоците за сместување и исхрана, на еден ќе му бидат покриени 75 отсто од овие трошоци, а останатите две стипендии покриваат 50 проценти од трошоците за сместување и исхрана.

Краен рок за пријавување на кандидатите е 1 уни 2014 година.

Повеќе информации на www.pcte.edu.in или на порталот за стипендииwww.stipendii.mon.gov.mk

23.05.2014 - 13:57
Фото: 
Радиомоф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа