Кончита ја почуствува темната страна на успехот - нејзината куќа ја чува полиција!
Успехот и светската слава се нешто прекрасно што може да му се случи на човек, но постои и друга страна на приказната, а неа дефинитивно најдобро може да ја раскаже Кончита Вурст, жената со брада која годинава ја однесе победата на Евросонг.
Кончита вели дека колку што е среќна поради славата, толку е и потресена бидејќи фановите од една страна, но и „хејтерите" од друга не и даваат мир. Таа има многу обврски, па затоа и не се соочува со многу проблеми, но за жал, тоа не е случај и со нејзините родители. Нејзината мајка за неа вели дека е голем уметник и пејач и дека се гордее со неа, но од друга страна, изјавува и дека тоа што им се случува е страшно.
Бидејќи секојдневно има многу фанови кои стојат пред куќата на семејството на Кончита, градоначалникот одлучил да помогне, па сега семејството го чува полиција.
За потсетување, неодамна жената со брада изјави и дека добива закани по живот од хејтерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа