"Се плашам дека водата дома ќе ми ги донесе коските од починатите" - уште една потресна приказна од поплавите

Поплавите кои деновиве го зафатија регионот оставија длабоки лузни и однесоа голем број човечки животи. Секојдневно се објавуваат нови потресни приказни, а оваа на 52-годишниот Жељко Ненадовиќ од Србија е една од нив.

Тој вели дека освен куќите, и гробиштата кои се наоѓале во близина на неговата куќа се уништени, бидејќи водата ги однела 70 метри подалеку. Тој успеал да најде само делови, а сега се надева дека водата нема да ги донесе и коските на починатите. 

- Потресен сум, ми се корне срцето. Починатите немааат ни гроб. Не можам да поминам на ова место повеќе, ова е свето место, зарем да газам по коските на луѓето, вели тој.

На ова местобеа евакуирани околи 450 лица.

 

 

23.05.2014 - 12:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа