Пет лица загинаа во престрелка меѓу украински војници и група проруски сепаратисти
Најмалку пет лица се убиени во престрелката меѓу украински војници и група проруски сепаратисти во близина на источниот украински град Доњецк.
Престрелката се случила во местото Карливка, северозападно од Доњецк.
Четирица од убиените се припадници на проруските сили, а петата жртва е еден од доброволците, кои се борат на страната на украинската армија во нејзината офанзива против сепаратисти во источниот дел на земјата.
Според командирот на украинската милиција Семен Семенченко, проруските сепаратисти врз неговите сили употребуваат автоматско оружје, снајпери и минофрлачи.
Во текот на изминатата ноќ во градот Славјанск во Доњецката област имало масовен артилериски напад, од што биле разурнати неколку станбени згради, јави ИТАР-ТАСС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа