ФОТО: И го претепале мачорот зошто личел на Хитлер

Кристи Спероу од Велика Британија е сопственичката на мачорот кој личи на Хитлер.

Таа е премногу тажна бидејќи непознати напаѓачи како што тврди го претепале нејзиниот мачор а според неа прилината е тоа што тој личи на Хитлер.

Баз, 7-годишен мачор има црни влакна над устата, и на тој начин потсетува на Хитлер, пишува Daily Mail.

На Баз минатиот викенд му се изгубила секаква трага. Сопственичката Кристи Спероу била загрижена кога не се вратил дома, па целото соседство го кренала на нозе. Го барале и го барале, а потоа еден до соседите го пронашол покрај една канта за ѓубре.

Мачорот бил крвав, претепан и тешко повреден. Набрзо пристигнала и помош - ветеринарите морале да му го отстранат окото.

23.05.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега