Водата најпрво ми го зема синот, а сега и куќата - потресна приказна од Србија

„Минатата година синот ми се удави во Дрина. Водата прво ми го зема синот, а сега и куќата. Останавме без свој дом. Поплавата буквално ја однесе половина куќа, а другата половина која остана е неупотреблива бидејќи ѕидовите се испукани. Немаме повеќе ништо, дури ни една слика не ни остана од нашиот покоен син,низ солзи раскажува за српски Ало Вераица од местото Крупањ

Таа и нејзиниот сопруг пред 10 години останале без работа, а поради финасиската криза, постојана работа не можеле да најдат, туку се надевале само на своите деца кои им обезбедиле кров над главата.

Во средата навечер, водата почнуваше да се спушта низ улиците и влезе во куќата. И реков на ќерка ми Слаѓана да се спреми и да оди и дека ќе ја однесам во центарот на градот, кај роднини. Кога ја отворив вратата, нивото на водата беше големо  и носеше се пред себе. Соседот Ненад Марковиќ ги соблече чизмите и ми ги даде за да ја однесам ќерка ми на безбедно, веднаш се вратив и пробав да го заштитам домот, но и покрај мојата борба не успеав. Само неколку минути откако излегов водата однесе половина куќа. Се е уништено!, раскажува несреќната Верица 

 

 

22.05.2014 - 19:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега