Средба Груевски - Секута за унапредување на соработката во енергетиката
Соработката во областа на енергетиката помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и можностите за нејзино понатамошно унапредување беа тема на средбата на премиерот Никола Груевски и Роберт Секута, главен заменик помошник на државниот секретар за енергетика на САД.
- Беа разменети мислења и информации за поголем број на енергетски проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација. Соговорниците разговараа и за можностите за соработка на полето на инвестициите во енергетиката и обезбедувањето извори на средства за реализација на енергетски проекти, соопшти Секторот на Владата за односи со јавноста.
На средбата било оценето дека поволната бизнис-клима во Република Македонија нуди соодветна подлога за реализација на инвестиции во енергетиката.
Груевски и Секута разговарале и за поддршка на технолошкиот развој во областа на енергетскиот сектор и за проектите за промоција на енергетската ефикасност и фондовите за поддршка во оваа област
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа