Експлозија во зграда - четири лица со страотни изгореници пренесени во болница
Најмалку четири лица се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во Москва. Во зграда во дистриктот Кутузовски, во која живеат и соработници на американската амбасада во Русија, одекна експлозија и избувна пожар, најверојатно поради истекување на гас.
Повредени се најмалку четири лица, меѓу кои и една Американка, која е пренесена во болница со 80 отсто изгореници на телото.
Од зградата се евакуирани десетина луѓе, а спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините.
22.05.2014 - 16:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа