И Ана Николиќ се приклучи на акцијата за помаѓање на настраданите од поплавите

 

Српската пејачка Ана Николиќ се приклучи на акцијата за помаѓање на настраданите од поплавите, а посебно апелирала на медиумите да не го заборават нејзиниот роден град Парачин.

- Имам фамилија кои живаат таму, но за среќа тие се безбедни. Апелирам на сите хумани луѓе  колку што се во можност да помогнат. Мојот брат Марко и јас со пријателите отидовме во Парачин и однесовме три тони помош со најосновните намирници кои им се потребни во моментов, кажува пејачката.

22.05.2014 - 15:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа