Иванов го честита националниот празник на Власите

 

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Македонија, по повод 23 мај - Националниот ден на Власите.

- Овој светол празник е потсетување на вековниот стремеж на Власите за зачувување, негување и промовирање на сопствениот јазик, култура и идентитет. Признавањето на Власите како посебен народ во далечната 1905 година беше соочување со фактот на многувековното постоење, присуство и придонес на Власите на овие простори, се вели во честитката.

Почит кон предците, но и обврска кон потомците е да се зачуваат влашкиот јазик, културата и традицијата. Затоа, водена од македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, Република Македонија создава услови за остварување на право на самоидентификација на Власите, како основа на човековите права и правото на човечко достоинство. Единствено Власите можат да кажат сами за себе кои се и што се, и никој друг не може да зборува во нивно име, вели Иванов во честитката.

 

22.05.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега