ФОТО: Еве зошто протестира стечајката Лиле

 

Претседателката на здружението на стечајците од Куманово УНИТ, Лилјана Георгиевска  од Куманово денеска повторно е предводник на протестите на група стечајци пред ССМ и пред Владата.

Покрај тоа што во јавноста е позната како предводник на незадоволните стечајци и редовен демонстрант пред Владата, Георгиевска за време на предизборието можеше да се забележи и на некои митинзи на СДСМ, како на пример оној во Куманово.

Оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи  покажува дека таа е и член на најголемата опозициска партија, поради што е јасна позадината на ваквите оркестрирани протести. Со ова, се доведува во прашање интегритетот на барањата, и чесноста на намерите на оние лица кои ги водат луѓето на протести. Дали Лилјана Герогиевска се бори за правата на стечајците или за свој бенефит? Таа во неколку наврати се закани дека се подготвени за сценарија како во Украина, Босна, Црна Гора и Хрватска. Низ медиумите во минатото се појавија и информации дека таа зема и финансиски средства за да организира вакви протести.

22.05.2014 - 12:47
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега