Хакери го нападнаа Ebay- сменете си ја лозинката на профилот

Најголемата онлајн продавница во светот eBay е хакиранa. Компанијата на своите 128  милиони корисници им препорача да си ги променат своите лозинки.

Корисничките сметки кои биле нападнати од страна на хакерите, содржеле информација која не е сврзана со финансиските сметки на корисниците.

Компанијата потврди и дека напаѓачите не успеале да купат производи на сајтот, преку средствата на корисниците кои станале жртви на нападот. Банковите сметки исто така не биле открадени.

Ова не е прв случај за хакерски напад врз оваа интернет продавница. Во крајот на февруари и почетокот на март, група хакери успеаа да навлезат во ограничен број на сметки на вработени во компанијата. Тоа им даде пристап до корпоративната мрежа на eBay. Нападот беше забележан дури 2 недели покасно.

22.05.2014 - 12:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега