И Здравко Чолиќ донираше за загрозените од поплавите
Тој важи за најголема балканска ѕвезда. Здравко Чолиќ, ја покажа својата хуманост со уплата на милион динари на жиро сметката на Владата на Република Србија,со што се приклучи кон давањето помош на загрозените погодени од катастрофалните поплави во Србија.
Преку Црвениот Крст, пејачот ќе уплати и хуманитарна помош и донација за населението во БиХ, Република Српска и Хрватска.
-Потребно е да останеме солидарни, соединети и сложни во овие тешки моменти и да продолжиме да помагаме колку што можеме бидејќи ни претстои период кога ќе се соочиме со сериозни последици од катастрофалните непогоди кои го зафатија нашиот регион, изјавил Чолиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа