Еве што може да ја извлече Грција од кризата

Во големите напори на Грција за надминување на рецесијата, голема улога би можеле да одиграат два основни локални производи – медот и маслото, наведува грчкиот весник "Етнос", пренесувајќи анализа на агенцијата Блумберг.

Во последните анализи се наведува дека регистрираниот пад на грчкиот извоз во текот на минатата година би можел да се компензира преку пласирањето во странство на прехранбени производи и пијалаци.

За разлика од севкупното намалување, извозот на земјоделски и прехранбени производи од Грција минатата година забележа раст од 3,5 проценти.

„Грчките производители на традиционални стоки се повеќе се ориентираат кон извозот на своето производство. Излезот од кризата во голема мерка ќе зависи од успешниот извоз на најдобрите грчки стоки“, наведува Блумберг.

 

22.05.2014 - 10:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега