Секоја чест- се венчале и парите од свадба ги дале за загрозените од поплавите

Младенците Никола и Лилјана Марковиќ од Крагуевац го освоија Балканот со својата хуманост. Тие својата свадба ја посветиле на лицата загрозени од полавите. Во нивниот најсрекен ден во животот  не ги заборавиле своите сонародници загрозени од поплавата, одлучиле да помогнат донирајки вода и храна од парите кои ги добиле како подарок за свадбата.

Двојката прво пред матичарот го кажале своето ,,да,, и веднаш потоаа им се обратиле на своите гости повикувајки ги да им се придружат во хуманитарната акција во прибирање  помош за загрозените сонародници. Младоженецот Никола Марковичќ преку микрофон им се обратил на сватовите

,, Благодарам што овој момент го делите со нас, но ние неможеме  да не  мислиме на нашите сонародници во краевите кои ги зафари поплава, и сите вас ве повикувам да се приклучите во акцијата помош на загрозените, да се јавите на вашите пријатели и роднини со молба да и тие се придружат и помогнат,, рекол младоженецот пред своите сватови. На свадбата присуствувале повеќе од 300 поканети и скоро никој од нив не бил рамнодушен. Младенците Марковиќ од парите добиени како свадбен подарок од сватовите купиле храна и вода и преку крагуевскиот Црвен Крст ги пратиле на загрозените.

22.05.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега