Пронајдена девојка која била киднапирана пред 10 години

 

По цели десет години, девојка, која била киднапирана, сексуално малтретирана и принудена да се омажи за својот грабнувач, побегнала од него откако на Фејсбук успеала да се поврзе со својата сестра, соопшти полицијата на американската држава Калифорнија.

Девојката, чие име останува во тајност, како што јави ДПА, била киднапирана пред 10 години на 15-годишна возраст.

 

Полицијата го уапсила Исидоро Гарсија, осомничен како нејзин грабнувач, кој за неа во Мексико набавил лажни документи со цел да може да ја ожени.

Младата девојка исчезнала во Санта Ана во 2004 година.

Гарсија во 2007 година набавил лажни документи со цел да ги сокрие нејзините години и име.

Американските медиуми наведуваат дека двајцата во 2012 година добиле дете.

Полицијата соопшти дека девојката двапати се обидела да побегне, но овие неуспешни обиди завршиле со нејзино претепување.

 

Киднаперот  на девојката, која во САД дошла илегално и кажал дека членовите на нејзиното семејство престанале да ја бара и дека ќе бидат депортирани доколку таа стапи во контакт со нив.

22.05.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега