Поплави го зафатија Тексас - две лица ги загубија животите
Две лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во американскиот град Сан Антонио во Тексас, јави Си-Ен-Ен.
Првата жртва е жена на возраст од околу 30 години, чие тело бидло пронајдено во надојдената вода близу нејзината куќа, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио Вилијам Мекменус.
Втората жртва е постара жена, која со автобобилот се заглавила во вода, чие ниво било 1,2 метри повисоко во однос на претходниот рекорд од поплавите. Пожарникарите успеаа да дојдат до нејзиното возило и да ги искршат прозорците, но додека ја извлекувале „дошло до промена на текот на водата и надојдената вода го однела нејзиниот автомобил, соопшти началникот на противпожарната служба на Сан Антонио Чарлс Худ.
Тој дополни дека поради поплавите евакуирани се голем број луѓе и предупреди дека можно е да има упте загинати и исчезнати лица.