Бремена жена со две деца три дена лутала низ шума- драма која ја потресе Босна

Уште една потресна приказна доаѓа од БиХ. Бремената Хазрета Карахасановиќ со две деца три ноќи и два дена лутала низ шума и преживеа, пишува Дневни аваз.

Селото Старина, кај Жепча каде живеело семејството Карахасановиќ речиси целото е уништено од свлечиште, па селаните меѓу кои и Карахасановиќи се нашле во збегови.

Промрзнатите очајници за среќа ги забележала спасувачка екипа па вооружените сили кои со хеликоптери ги надлетувале областите ги превезле во прифатниот центар во касарната во Зеница.

Низ солзи потресената Назрета, раскажува како земјата се отворила на 20-метри над нивните куќи и го проголтала речиси цело село, а тоа што не го поклопила се искршило како кула од карти. Несреќниците немале каде – сите патишта се претвориле во мочурливи езера.

Бремената Хазрета и нејзините две деца заедно со 150 мештани се нашле во збегот. Ноќите им биле најтешки. Среќа во несреќа е што нашле овчарска колиба па внатре ги сместиле бебињата, а возрасните спиеле на отворено.

-Реката минува низ село кое е сместено на два рида. Сега после свлечиштето реката повеќе ја нема, се претвори во големо езеро кое го подели селото на два дела. Кога земјата ги затрупа првите куќи, почнавме да бегаме кон шумата горе. Ништо не зедовме со себе – раскажува Хазрета.

Мажите останале во село и јавуваат дека се мали шанските за враќање.

-Во селото се занимаваме со сточарство, а целата стока моравме да ја пуштиме за да не настрада во свлечиштето. Неодамна ние купивме крава за 2.800 конвертибилни марки, а сега е некаде во планините. Исто така водата во селото е загадена, вели Хазрета.

 

Оваа тешка ситуација најлошо влијае врз најмладите. Тие тешко ја поднесуваат ситуацијата. Психолог се обидува да му помогне на 13-годишниот син на Хазрета бидејќи момчето доживеало шок и со денови не зборувало.

21.05.2014 - 18:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега